Дваесет и петгодишниот А.Б. утрово околу 8.30 часот се обидел да се самоубие, фрлајќи се од Искрин мост во населбата Вера Которка во Куманово.
– Тој ја прескокнал оградата на мостот, по што бил спасен од локалните рибари, информираат од МВР.
Со возило на Брзата помош, А.Б. е пренесен во Општата болница Куманово, а оттука е префрлен на Клиника за токсикологија во Скопје.