Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по ужасните терористички напади во Париз упати тереграма со сочувство и поддршка до францискиот претседател Франсоа Оланд, до семејствата на жртвите и до граѓаните на Париз и Република Франција.
„Изразувам искрено и длабоко жалење и сочувство, за жрвите во грозоморните терористички напади што минатата ноќ го потресоа Париз и светот, во мое име, во име на Социјалдемократскиот сојуз и на граѓаните на Република Македонија.
Ја споделуваме огромната болка. Нашите мисли од синоќа се кон стотиците жртви и повредени во тешките терористички акти, со нивните семејства и со граѓаните на Република Франција.
Нападите на Париз се напад врз целото човештвото.
Никој нема право да го одзема мирот, спокојот, сигурноста и безбедноста на граѓаните каде и да живеат.
Ужасните вести, фотографии и снимки од експлозиите на повеќе локации во Париз, стадионот Стад д Франс, концертната сала Батаклан што сеуште ги вознемируваат граѓаните на Франција но и целиот свет се мотив уште пообединето да се застане на патот на злото на 21 век, тероризмот.
Даваме силна поддршка на Вас претседателе Оланд, на државниот врв на Франција и на граѓаните во земјата, за смирено, мудро и одлучно справување со предизвикувачите на инцидентите со трагични последици во огромни размери.
Се солидаризираме во таа битка на граѓаните на Франција и се ставаме на располагање да помогнеме според нашите можности“.