Турција засега не планира копнена опрација во Сирија или Ирак, но ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја гарантира својата безбедност, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
– Засега не планираме копнена опрација во Сирија или Ирак. Не треба да се очекува такво операција во следниот период, изјави Давутоглу.
Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да најде решение за кризата во Сирија.
– Сепак ако се јави потреба за некаква акција, Турција ќе го даде својот придонес во неазаедно со меѓународната заедница, потенцира турскиот премиер.