ВИДЕО: Ноќ на терор во Париз, над 126 убиени

Од:

Осум месеци по нападот врз „Шарли Ебдо“, Франција повторно беше турната во ужас. Сценаритото од кое најмногу стравуваа тајните служби се случи: бројни симултани напади во срцето на Париз и на едно многу симболично местo, стана реалност во текот на минатата ноќ.

Најмалку 126 лица загинаа и над двеста се повредени во координираните терористички напади од страна на исламистите, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова е една од најголемите трагедии со кои се соочува Франција од крајот на Втората светска војна.

paris shootings

„Наспроти теророт, Франција треба да биде голема, таа треба да биде силна“, изјави нешто пред полноќ Франсоа Оланд, претседателот на Франција, кој непосредо пред тоа прогласи вонредна состојба.

Ова е само трет пат во Франција да се користи оваа мерка, последниот беше во 2005 година по нередите во предградијата. Претседателот и владата прогласија засилување на контролите на границите, забрането е движењето во квартовите погодени од атентатите.

Франција се наоѓа во опсадна ситуација, низ целиот париски регион, полицијата започна со претреси. Франсоа Оланд најави дека побарал засилување од армијата, а на улиците во Париз можат да се видат како патролираат војници.

attackparis

Ноќта на теророт започна околу 21 часот, во 23 часот префктурата на полицијата на Париз имаше констатирано најмалку три престрелки на истокот од Париз. Од автомобил, беа истрелани рафали кон кафулето Каријон, азискиот ресторан Ле Петит Камбоџ, кој се наоѓа на аголот на улицата Бишат и улицата Алиберт, наспроти болницата Бишат во 10–от арондисман. Повеќе гости беа покосени.

French police with protective shields walk in line near the Bataclan concert hall following fatal shootings in Paris

– Беше надреално, сите бевме на земја, никој не мрдаше, раскажа една жена, сведок на настанот.

– Беше мирно, луѓето не разбираа што се случува, една девојка беше носена од еден млад човек в раце. Таа беше мртва, раскажува таа.

attackparis12

Додека спасувачките екипи се обидуваа да ги спасат преживеаните во неописливата крвава сцена, концертната сала каде Батаклан, каде се одржуваше концертот на групата Игелс од Дет Метал во 11-от ародносман беше исто така нападната од повеќе вооружени лица.

Еден од сведоците, Луј, за француското радио Франс Инфо, кој беше на концертот со мајка му беше категоричен:

„Тие викаа Алах Акбар и стрелаа врз луѓето!“

Според него, имало „повеќе силуети“ кои стрелале врз жртвите кои биле на подот. Луи мисли дека тие пукале со пушки со пумпа, бидејќи имал впечаток дека ги полнеле. Во еден момент имало тишина. Силите на редот нешто пред полноќ преминаа во акција во Батаклан, каде четворица терористи се убиени, од кои тројца со активирање на нивните експлозивни појаси. Во акцијата е ранет еден од припадниците на силите на редот.

attackparis1

Истовремено четири лица беа убиени во експлозиите во близината на Стад де Франс. Терористите нападнаа една брасерија (пивница) и МекДоналдс. Претседателот Франсоа Оланд беше извлечен од стадионот каде се играше фудбалскиот натревар Франција-Германија. Натпреварот се доигра за де се избегне паника на трибините. По завршувањето, најголемиот број од 80.000 гледачи останаа на стадионот, а некои од од нив слегоа на теренот по најавата на спикерот дека „се случиле инциденти“, а во меѓувреме беа испратени повеќе спасувачки екипи.

Претседателот Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс, набрзо му се приклучија на министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, при што одржаа кризен состанол, следен со состанок на владата.

Истовремено се реактивирани кризните штабови на највисокото ниво, во Министерството за внатрешни работи префектурата на полицијата директно ги пренесува снимките од камерите за видео набљудување.

Сите расположливи сили на редот беа мобилизирани. Нивната мобилизација ќе трае сигурно долго, само две недели пред самитот на ООН посветен на климата, и понеделничката церемонија за 70 годишнината на УНЕСКО, на која се очекуваат голем број на шефови на држави и влади.

Антитерористичките сили синоќа беа мобилизирани, не само во акцијата на елиминирање на терористите, туку и во проценката дали нападите ги извела една екипа или повеќе други. За таа цел се испитуваат видео снимките од камерите на улиците, за да се следи патот на нивната крвава прошетка низ Париз. Истовремено се прегледуваат картотеките на полицијата за да видат дали некои од лицата снимени на улица се наоѓаат во нив и се идентификувани како радикални елементи.

Фактот, што напаѓачите делувале со откриено лице, зборува дека тие не се плашеле да загинат.

Полицијата сигурно дека ќе има титанска работа да ги анализира сите можни информации, како следењето на телефонските комуникации за да ги идентификува можните врски на терористите и можните нивни поддржувачи.

Властите го активираа планот Алфа на највиското црвено ниво, за бројни престрелки, а сите париски болници се мобилизраа за да ги прифатат ранетите.

Лекарите кои беа во штрајк, го прекинаа истиот, јавува дописникот на МИА од Париз. Истовремено сите полициски сили беа мобилизирани за сослушување на сведоците на местата на атентатите и во полициските комесаријати. Бројните напади, предизвикуваа стравување од можни реплики на други месат во парискиот регион и Франција. Армијата е мобилизирана за обезбедување на повеќе клучни институции, посебно училиштата.

Нападите се случија десет месеци по терористичките напади на џихадистите во јануари, во кои загинаа 17 лица, по што имаше уште неколку други напади или обиди за напади.

Последниот беше на 21 август во возот Талис, меѓу Брисел и Париз. Тогаш само присебноста на патниците и интервенцијата на некои од нив, меѓу кои американски војници на отсуство, дозволи да се избегне вистински масакар.

Франција од пред две години е ангажирана во коалицијата против Исламската држава во Ирак и Сирија, а од декември планира и распоредување на носачот на авиони Шарл де Гол во Заливот.

People place candles and flowers as they continue to pay tribute to the shooting victims in front of the offices of weekly satirical newspaper Charlie Hebdo in Paris

Објава на војна, на која според специјалистите, терористите одговорија со сцени од апокалипса.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз