Најмалку сто луѓе се убиени во терористичките напади во Париз само во концертната сала. Еден час по полноќ француската полиција и војска и ставија крај на заложничката драма во која беа убиени најмалку двајца терористи. Еден од четворицата напаѓачи е уапсен, и признал дека е член на Исламска држава, а сите дошле во Франција од Сирија.
Woooowww pic.twitter.com/KXYPGDFEuZ
— Icardi . (@moushi93160) November 13, 2015
Во салата концерт имаше бендот “Eagles of Death metal” на чија Фејсбук страна е напишано дека не се знае што се случило со членовите на бендот и со техничката поддршка.
We are still currently trying to determine the safety and whereabouts of all our band and crew. Our thoughts are with all of the people involved in this tragic situation.
Posted by Eagles Of Death Metal on Friday, November 13, 2015
Во Париз се случија координирани напади на седум места, а билансот на жртвите е уште рано да биде прецизиран. Се стравува дека бројката ќе биде голема, првично се проценува дека се работи за околу 140 убиени.
По полноќ беа изгаснати сите светла на Ајфеловата кула, во знак на жалост за убиените невини луѓе.
The Eiffel Tower’s lights have been turned off in memory of those killed #Paris #PrayForParis ??❤️ pic.twitter.com/P60fzuP7GU
— SPIN 1038 (@spin1038) November 14, 2015
Заменикот градоначалник на Париз, Патрик Клугман, изјави дека се уште нема официјална информација дека нападите во Париз се завршени. Тој ги повика граѓаните да останат дома и ги потсети дека вонредната состојба е на сила.
Нападите почнаа со напад во еден париски ресторан, а подоцна дојде до голема експлозија на стадионот каде што се одржуваше фудбалски натпревар помегу Германија и Франција, на кој присуствуваш и францускиот председател Франоса Оланд кој веднаш беше евакуиран.