Ракометарките на Вардар Јуниор ја постигнаа првата победа во еврокуповите откако вечерва во првиот натпревар од 3.коло од Челинџ купот го победија тимот на Лондон Ејнџелс со 27:14.
Во текот на цлиот натпревар младите ракометарки на Вардар Јуниор имаа резултатска предност и без поголеми проблеми го совладаа ривалот. Најефикасна на натпреварот беше Сара Митова со 9 голови.
Вардар Јуниор со оваа победа е пред пласман во следната рунда бидејќи утре истотака во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот се игра и реваншот меѓу овие две екипи.
Во ова натпреварување утре првиот натпревар од 3.коло ќе го одигра и ЖРК Пелистер, кој ја пречекува екипата на Шкипона од Косово.