Европската комисија официјално ја одобри времената гранична контрола воспоставена од Шведска и Германија, констатирајќи дека тоа е согласно Шенгенскиот договор.
Ова го изјави портпаролката на Европската комисија, Мина Андрејева, одговарајќи на прашањето дали со воведувањето гранични контроли од страна на Шведска и Германија се крши договорот за слободно движење во Шенген зоната.
Таа објасни дека времените мерки од ваков вид се дозволени со Шенгенскиот договор доколку постои оправдан ризик за јавната безбедност, додавајќи дека ЕК е навремено известена за намерата да се воспостават контроли и за причините за нивно воведување.
Двете земји сметаат дека контролите се потребни поради бегалскиот бран од Блискиот исток и Африка и побарале од Комисијата тие да бидат продолжени за уште четири месеци, што е максимален рок предвиден со Шенгенскиот договор.