„Му ја покажавме на светот мудроста и одговорноста на украинскиот народ. Во целата земја гласањето и пребројувањето беа мирни и уредни“, вака ги оценува парламентарните избор и украинскиот претседател Виктор Јануковиќ.
Наспроти него целата опозиција е гласна, изборите се лажирани, украденисе и фалсификувани избирачки материјали, опозицијата велат, е вистинскиот победник.
Меѓународните набљудувачи и организации со сериозни забелешки и оценки за уназадување на демократијата во Украина.
„Во принцип, како шеф на делегацијата на ПССЕ, можам да кажам дека Украинците заслужија подобро“, изјави Андреас Грос.
„Со оглед на злоупотребата на моќта и улогата што ја одиграа во овие избори парите, се чини дека демократскиот процес помина во спротивна насока, а изборите беа релативно слободни и фер” , изјави претставникот на ОБСЕ.
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази жалење што изборниот процес во Украина имаше многу недостатоци.
Купување гласови и изборен„карусел“, криминал во финансирање на партиите, закани за кандидатите на опозицијата, притисок врз јавната администрација, на ова улажува европарламентарецот Ребека Хармс.
Таа апелира ЕУ внимателно да ги разгледа и процени сите информации и да ги разгледа сите формални обвиненија.
„Изборите беа нарушени со апсењето на двајцата главни опозициски лидери , Јулија Тимошенко и Јуриј Лушченко. Во демократиските држави, луѓето треба да имаат право на избор, а не судовите да ја проценуваат политичката работа на владите “, рече Хармс.
“Изборниот процес беше нарушен со голем број на недостатоци, вклучувајќи ја и политички мотивираната селективна правда со затворање на челниците на опозицијата”, вели шефот на делегацијата на Европскиот парламент, Пол Ковал.
Лоши оценки и забелешки и од полската набљудувачка мисија и од мисијата на Канада.
Слични забелешки и од набљудувачите на ЕНЕМО. Граѓанската асоцијација „МОСТ“ е генерален секретаријат на европската набљудувачка миисија ЕНЕМО, и ја координираше комплетната операција.
Изборите ги следеа 3.800 меѓународни набљудувачи.
Според 87% пребројани гласови Партијата на регионите имаа 31,85 проценти од гласовите, Татковина на Тимошенко, 24,20 проценти, Комунистичката партија изби на трето место со 13,89 проценти, фаворизираната боксерска ѕвезда падна на петто место со 13,46 а Слобода има 9,60 проценти.
Според изборниот мнозински модел партијата на регионите би имала уште 115 мандати, Татковина 38, Слобода 8, во верховната Рада има шанси да влезар уште 37 независни кандидати, а другите 24 места ке ги пополнат останатите партии.
Со очекуваната поддршка од Комунистите, партијата на Јанукович ќе ја контролира Верховната Рада.