Не се дозволиви доцнења и одложувања на обврските во договорот од Пржино

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска попладнето имаше средба со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел придружуван од амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.

Тема на средбата беа динамиката на спроведување на обврските од Договорот во Пржино и неопходните реформи за фер и демократски избори.

Заеднички е констатирано дека не се дозволиви доцнења и одложувања на обврските од договорот во Пржино и дека клучен предуслов за фер и демократски избори е доследно спроведување на Договорот.

-Фокусирани сме на реализација на договореното во Пржино. Очекувањата на граѓаните се фер и демократски избори и ние одлучно работиме кон таа цел од којашто нема да отстапиме, рече претседателот Заев.

На состанокот се разговараше за потребата од доверлив Избирачки список, за брзо затворање на прашањето за медиумите, кои во најголем дел се под контрола на власта, како и за потребата да се обезбедат сите услови за почеток на работата на специјалната јавна обвинителка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација