Протестен собир за поддршка на својот колега, кој пред три дена беше повреден со огнено оружје на Клиниката за дигистивни болести во Скопје, одржаа денеска група лекари во кругот на Општа болница Кочани.
На протестниот собир се приклучија лекари од Општа болница, Здравствен дом и од Центарот за јавно здравје од Кочани.
Лекарите изразија солидарност со својот колега и поголема соработка со здравствените власти.
– Лекарската фела од Општа болница, Здравствен дом и Заводот за јавно здравје заедно со целиот медицински персонал изразува поддршка на колегата Љубомир Огненовиќ и воедно изразуваме револт за се што се случува после овој настан, а и пред него, изјави Томе Солевски, општ хирург.
Лекарите на денешниот протестен собир побараа почитување на нивната професија и обезбедување на подобри и посигурни услови за работа.