(ВИДЕО) Стојановска: Искажуваме револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници

Од:

Докторката на дигестивна хирургија, Емилија Стојановска на денешниот протест на здравствените работници го изрази револтот кон понижиувачкиот статус на здравствените работници и соработници, како и против хајката против младите доктори за кои се вели дека се недоволно едуцирани и корумпирани.

– Сакаме да го искажеме својот револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и здравствените соработници, статус кој е резултат на долгорочните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници и соработници. Невидената хајка против младите доктори како недоволно едуцирани, корумпирани, неодговорни и непријателски настроени кон пациентите се директно вперување прст кон нив како главни виновници за несаканиот исказ од лекувањето на пациентот, рече Стојановска.

Таа изрази поддршка и желба за побрзо оздравување на докторот Љубомиир Огњеновиќ, и кажа дека и покрај немилиот наста, тие уште посплотено ќе работат за доброто на пациентите.

– Сакам да кажам дека со овој собир сакаме да ја изразиме нашата поддршка на доктор Љубомир Огњеновиќ и нашите желби за побрзо оздравување и враќање на работните задачи. Би сакале да истакнеме дека овие денови сите сме со него и се чувствуваме погодени и повредени со страв и со душевна болка. Но истовремено сигурни сме дека доктор Љубомир Огњеновиќ брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и значење да им помага на пациентите. Со верба во него, веруваме и во себе дека заеднички ќе ги надминеме овие моменти и уште посплотени ќе продолжиме со нашата хумана мисија. Во оваа прилика сакаме да укажеме дека секогаш сме биле во служба на пациентите на штета на нашите најблиски и во ниеден момент, па ни сега во тоа нема да има дилема. Затоа јавно истакнуваме, пациенти, ние сме со вас, ние не сме против вас, истакна Стојановска.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем