Двајца турски војници загинаа во судири со курдски бунтовници

Од:

Двајца припадници на турските безбедносни сили се убиени, а тројца се повредени при судири со бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на Турција.

Турските војници вчера убиле еден курдски бунтовник, кој учествувал во напад врз полициски автомобил, во кој загинаа тројца полицајци.

Во три реони на градот Силван веќе девет дена во сила е полициски час и безбедносните сили извршуваат антитерористички операции против ПКК.

Во меѓувреме, полицијата во округот Сирт открила големо количество на оружје и муниција кои им припаѓале на ПКК, а биле скриени во една градина.

Би можело да ве интересира

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски