Вооружените сили на ирачките Курди утринава почнаа моќна офанзива за ослободување на стратегискиот град Синџар од рацете на Исламска држава, соопштија светските агенции.
Операцијата е поддржана од борбени авиони на меѓународната коалиција, предводеа од САД, како и од артилерија, која на интензивно гранатирање ги подложи позициите на џихадистите во Синџар и неговата околина.
Најмалку 7.000 борци на курдските боребни формации „пешмерга“ од неколку страни го напаѓаат овој градот во северозападен Ирак.
Синџар е разместен на стратегиски пат што го поврзува градот Мосул, утврдувањето на ИД во северен Ирак, со Сирија, каде џихадистите, исто така, котролираат огромни територии.
Џихадистите го зазедоа Синџар во август 2014 година, подложувајќи го на прогон и жестоко насилство религиозното малцинство на Јазидите, кое живеат во градот.