СДСМ: Вистината е најголем проблем за Никола Груевски

Од:

„Медиумските курири на уредникот Никола Груевски повторно безобразно лажат.

Оливер Спасовски денеска влезе во Министерството за внатрешни работи единствено да се поздрави со вработените и веднаш да работи, во интерес на граѓаните.

Спасовски не барал никакви возила, најмалку блиндирани мерцедеси. Возилото што законски му е доделено нема никаква врска со лагите на Курир за некакви џипови.

Јавноста добро знае дека луксузните возила и блиндираните мерцедеси се одлика на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните слушна од проектот Вистината за Македонија како Груевски, со народни пари нарачува мерцедес од 600.000 евра којшто го крие од јавноста.

Дополнително,одредени странски медиуми во 2007 година наведоа дека поранешната министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, позната по признанието дека за изборните циклуси Министерството за внатрешни работи го претвори во МВРО-ВМРО, се вози во украден џип:

http://www.blic.rs/Zabava/Vesti/1258/Makedonska-ministarka-vozi-Bekamov-ukradeni-dzip

http://www.motorauthority.com/news/1027568_beckhams-stolen-bmw-x5-ends-up-with-macedonian-minister

Министрите на СДСМ нема да се возат ниту во украдени ниту во луксузни возила како фукционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што е сигурно, министерот Спасовски целосно ќе ја истражи состојбата со овој џип и доколоку е украден ќе биде вратен на неговиот сопственик.

Јасно е, Никола Груевски целосно за загуби. Лагите во медиумските курири не може да му помогнат.

Збогум Никола и збогум на твоето друштво“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски