Заев: Се чувствува првична релаксираност, следуваат демократски промени

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Австрија во Македонија, Ренате Коблер.

Амбасадорката Колбер изрази почит кон демократските заложби на претседателот Заев и на раководството на СДСМ на патот кон разврска на политичката криза.

Заеднички е констатирано дека е од суштинска важност за иднината на граѓаните и на Република Македонија е доследно спроведување на Договорот од Пржино.

-Одлучно сме насочени кон демократски промени во Македонија. Се чувствува првична релаксираност кај граѓаните. Целта на нашето учество во Владата е да обезбедиме гаранции за фер и демократски изборен процес, а по изборите на 24 април слободна и европска Република Македонија, рече Заев.

На средбата се разговараше и за условите за почеток на работа на специјалната јавна обвинителка, за потребата од слободни медиуми и за проектот Визијата за Македонија којшто наиде на добар оддек кај граѓаните и експертската јавност и води кон квалитетна Програма за и од граѓаните во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски