Издадени нови 4.444 потврди за барање азил

Од:

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 4.444 странски државјани, од кои 2.324 се од машки пол, 805 се од женски, 1.168 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 147 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.944, Авганистан 1.625,Ирак 496, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 10.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 234.692 странски државјани, од кои, 140.059се од машки пол, 35.101 се од женски, 47.674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.858 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 148.065, потоа Авганистан 50.341, Ирак 18.465, Пакистан 4.847, Иран 4.670, Палестина 1.958, Сомалија 1.226, Бангладеш 1.065,Мароко 642,Конго 509,  Алжир 349, Либан 345,  Нигерија 273, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.11.2015 до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.11.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.11.2015 година евидентиран е 1 барател на азил,  маж. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он