Собраниска седница за избор на министри и заменици

Од:

Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да ја започне седницата за избор на министри и заменици министри согласно договореното на последната лидерска средба во Клубот на пратениците и договорот од Пржино.

Се очекува на почетокот на седницата премиерот Никола Груевски да се обрати пред пратениците.

Министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Митко Чавков и Диме Спасов поднесоа оставки на функциите имајќи предвид дека согласно Договорот од 2 јуни/15 јули со овие министерства до изборите во 2016 година треба да раководат претставници на опозицијата.

Премиерот Никола Груевски во предлогот што го достави до Собранието наведува дека оставките на Чавков и Спасов се резултат на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули склучени меѓу најголемите владејачки и опозициски политички партии, и согласно измените на Законот за Влада. За министри се предлагаат Оливер Спасовски за внатрешни работи и Форсина Ташевска Ременски за труд и социјална политика. На испразнетото министерско место во информтичко општество и администрација се предлага Марта Арсовска – Томовска.

Во Предлогот доставен од Владата до Собранието се наведува дека согласно Договорот од 2 јуни и 15 јули и измените на Законот за Влада, за министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата се предлага да биде избран Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Заменици министри исто така од редот на опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.

Исто така согласно Договорот и Протоколот и како што се наведува во предлогот, заради организација на предвремените парламентарни избори во 2016 година, Груевски предлага именување дополнителни заменици министри во МВР, министерствата за труд и социјална политика, за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество и администрација.

Врз основа на тоа мандатарот и премиер предлага дополнителни заменици министри во МВР и во труд и социјална политика да бидат досегашните министри Митко Чавков и Диме Спасов, додека како предози на опозицијата во финансии ќе биде Кире Наумов, во Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопанство Љупчо Николовски, а во информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

На заменичкото место во МИОА на местото на Арсовска Томовска се предлага Тимчо Муцунски.

Собранието завчера го изгласа пакетот закони кои исто така произлегуваа од Договорот од 2 јуни/15 јули.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски