Следните десет години Евролигата ќе брои 16 екипи

Од:

Најквалитетното кошаркарско натпреварување – Евролигата почнувајќи од следната сезона ќе има 16 екипи наместо досегашните 24.

Ова е одлучено на осумчасовниот состанок одржан во текот на вчерашниот ден во седиштето на Евролигата, Барселона.

Претставниците на 11. Екипи кои поседуваат „А лиценци“: Анадолу Ефес, ЦСКА Москва, Емпорио Армани Милано, Барселона, Фенербахче, Лаборал Куча, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид и Жалгирис го прифатија новиот формат за изгледот на елитното натпреварување. Преостанатите пет места ќе бидат пополнети со три шампиони на домашните лиги (не се наведува кои), едно за освојувачот на Еврокупот и едно за победникот на квалификациите, во кои ќе учествуваат осум екипи.

Предвидено е да се играат 30.рунди, а потоа плеј-оф со осум најдобри, за на крајот шампионот да се добие преку „фајнл-фор“.

Договорот е со важност од десет години со опција да биде продолжен на уште десет.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ