Конференција за заштита на жените жртви на родово насилство

Од:

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска во Скопје ќе одржи регионална конференција за „Заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство – моментални состојби и добри пракси”.

Целта е да се направи анализа на состојбите за заштита на жените жртви на родово базирано и семејно насилство во земјата и размена на добри практики во земјите од регионот и ЕУ поврзано со имплементација на стандардите воспоставени со Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Конференцијата е организирана како дел од регионалниот проект „Со здружени напори – кон новите Европски стандарди во заштитата на жените од родово базирано насилство”, финансиран од Европска унија.

На собирот најавено е учество на претставнички на невладини организации од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија, како и претставници на државни институции и меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката