„Мерцедес“ ќе обучува имигранти за работа во нивните фабрики

Од:

Германската компанија „Мерцедес“ ќе организира обука за работа на имигрантите кои пристигнуваат во Германија во нејзинете фабрики во земјата.

Првите 40 ими гранти кои ќе покажат најдобри резултати на обуката ќе добијат можност веднаш да бидат вработени во некоја од фабриките на „Мерцедес“, јавуваат денеска германските медиуми, наведувајќи дека во првиот круг со обуката ќе бидат опфатени неколку стотици имигранти,

Првите курсисти, бегалци и азиланти од Авганистан, Еритреја, Замбија, Нигерија и Сирија, се на возраст меѓу 20 и 51 година и ќе минат 14-неделна обука за работат во погоните на „Мерцедес“ и за изучување на германскиот јазик. 

Целиот проект го финансирааат германскиот Завод за вработување и „Мерцедес“.

Обуката на бегалците ќе почнува секој ден во шест часот наутро, при што првите три и пол часа тие ќе имаат практична настава во погоните на „Мерцедес“ во Штутгард, а потоа во мали групи, од по десетмина, ќе учат германски јазик. 

– Приситгнувањето на овие луѓе ние го гледаме како шанса. Во согласност со тоа сметаме дека интеграцијата на бегалците мора да успее. Ние го даваме својот придонес кон оваа политичка и социјална задача. Со оваа обука би им го отвориле патот на луѓето за работа на германскиот пазар, изјави директорот за персонални прашања во „Мерцедес“, Вилфрид Порт.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ