Давутоглу: Турција ќе одговори на сите закани што доаѓаат од Сирија

Од:

Турција ќе одговори и од воздух и од вода на сите закани што доаѓаат од соседна Сирија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу во интервју за државната телевизија ТРТ, без да ги посочи потенцијаните извори на тие закани.

Давутоглу нагласи дека за состојбата во Сирија разговарал и со американскиот претседател Барак Обама, при што нагласил дека е неопходна нова стртегија на меѓународната заедница кон џихадистичката група Исламска држава (ИД).

– Турција би требало да игра поголема улога во коалицијата која се бори против екстремисите во Сирија и Ирак, оцени Давутоглу.

Како што јави ТАСС, говорејќи за борбата против Курдската работничка партија (ПКК) и другите екстремистички групи во Турција, Давутоглу нагласи дека турските безбедносни сили ќе продолжат со операциите се до „целосното елиминирање на таквите елементи“ од земјата.

– Нема никаква разлика меѓу борбата против ИД и борбата против ПКК. Ние никогаш не сме покажувале толерантност кон ниту една терористичка организација. И во случјаот на Сирија проблемот не е само ИД. Дури и да се уништи ИД, ако не се реши кризата, би можела да се појави некоја друга група, посочи Давутоглу во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски