Несреќата на рускиот патнички авион во Египет е напад врз целата меѓународна заедница, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, цитирано од ТАСС.
-Тоа е многу сериозно злосторство против човештвото. Тоа е не само напад врз руски авион, туку и напад врз сите нас, рече Давутоглу.
Турскиот премиер подвлече дека доколку не се реши кризата во една земја, тешко може да се спречи нејзиното ширење и во други држави.
– Затоа дојде време сите да дејствуваат заедно, изјави Давутоглу.