ЕК: Турција бележи влошување во делот на основните права и владеењето на законот

Од:

Европската комисија денеска нотираше дека Турција во последната година бележи отстапувања во однос на прашањето на почитувањето на основните права и владеењето на законот, пренесува БТА.

Оценката е регистрирана во годишниот извештај на комисијата за напредокот на земјата на патот кон членство во ЕУ.

Во извештајот се посочува дека се забележуваат суштествени недостатоци во правосудниот систем и во областа на слободата на изразување и собирање. Во него се дополнува дека има застој во курдското прашање и се изразува оценка дека мировните преговори задолжително треба да се обноват.

ЕК посочува дека е задржан интензитетот на политичкиот дијалог со Анкара, вклучувајќи ги и прашањата за борбата со тероризмот. Се забалежува дека Турција се приклучила кон меѓународните активности против Исламска држава.

Во извештајот се посочува дека во последната година е забавено темпото на реформи во земјата, а како една од причинате се наведуваат и предвремените избори. Комисијата забележа дека,  и покрај овие околности, изборите минале во безбедна атмосфера.

ЕК изразува сериозна загриженост за извршениот притисок врз турските медиуми.

Во извештајот е упатен повик за целосна истрага на атентатот од 10 октомври во Анкара.

ЕК го критикува прифаќањето на законодавството кое ја оддалечува Турција од европските стандарди во областа на слободата на собирање и изразување, како и во однос на владеењето на законот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски