Во организација на Францускиот институт во Скопје вечер во 20 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи проекција на документарниот филм „Вавилонски двор“ на Жили Бертучели.
Филмот, кој е снимен 2014 година, се прикажува во знак на одбележувањето на Месецот на документарниот филм.
Фигароскоп за филмот напиша дека е „лекција за животот и слободата“, Лес Инрок, пак, дека „утешува и освежува“, додека Ле Монд пишува дека „Бертучели маeстрално се постaвува како еден од сведоците во филмот, и на крајот од час и половина воопшто не ќе сакате да се разделите од ликовите излезени од реалноста “.