Одлуката на Генералната конференција на УНЕСКО за неприфаќање на предлог за прием на Косово во оваа агенција на ОН, во Белград се толкува како „победа“, додека властите во Приштина оценуваат дека тоа не претставува „пораз“.
Предлогот за прием на Косово не помина при денешното гласање на Конференцијата на УНЕСКО, откако за него се изјаснија помалку од потребните најмалаку две третини од членките на Организацијата.
Српскиот претседател Томислав Николиќ во првата реакција по гласањето, прогласи „победа“ во УНЕСКО, при тоа поздравувајќи ги заложбите на Владата, која според него, вложила „големи дипломатски напори“ и „не се откажала дури и тогаш кога изгледало дека се е веќе загубено“.
– Србија има многу пријатели во светот. Тоа пријателство не се базира на обемот на трговската размена и на моќта на оружјето, туку на однесувањето на народите и државите. Оваа победа не е остварена со пари, туку благодарение на почитта што нашата држава и народ го уживаат во светот, порача Николиќ.
Одлуката на УНЕСКО ја поздрави и Српската православна црква, која повика на дијалог и градење на доверба „како единствен начин за решавање на сите проблеми“.
Косвските власти од своја страна изразија разочарување од одлуката на УНЕСКО, но оценија дека тоа не претставува пораз за Косово.
– Мнозинството од земјите во светот гласаа за Косово. За жал, добивме три гласа помалку од потребното мнозинство, напиша косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тој натаму нагалси дека и покрај денешното гласање Косово не може да биде запрено на патот што го избра, најавувајќи дека Приштина ќе проодложи да поднесува кандидатури за членство во меѓунардоните организации, вклулувјаќи го повотрно и УНЕСКО.