(ВИДЕО) Доктор Чаловска: Пукано е во одличен хирург, не се чувствуваме безбедно

Од:

Докторката Викторија Чаловска која беше дел од докторите кои денеска протестираа против обидот за убиство врз хрирургот Љубомир Огненовиќ за медиумите изјавија дека се чувствува загрозено, дека се крајно револтирани и дека го немаат чувството за безбедност.

Чаловска вели дека е пукано во професионалец без никаков повод и причина по извршена интервенција. Таа вели дека сите сили во општеството мораат да имаат во предвид дека е загрозено физичкото опстојување на докторите.

– Пукано е во професионалец, одличен хирург и човек со многу големи доблести и човечки квалитети, без никаков повод и причина после извршена интервенција во тек на дежурство. Ние денеска сме крајно револтирани, јас оваа изјава ја давам како поединец, како припадник на професијата, не како член на било кое тело или било која организација и сакам да кажам дека беше пукано во нашата професија, во белиот мантил во целина и дека е крајно време да се преземе нешто за заштита на нашиот дигнитет, нашето достоинство, за нашата безбедност и воопшто на нашиот статус. Мислам дека сите сили во општеството мораат да го имаат во предвид тоа дека е загрозено и нашето физичко опстојување, а не само нашето работење. Мислам дека треба јавноста да биде информирана дека ова што се случува е крајно сериозно и не може да води кон никакво подобрување на состојбите ако докторите не се безбедни, вели Чаловска.

Таа додава дека ако се чувствуваат постојано под притисок, тоа значи дека во здравството се случуваат пресериозни работи. Според неа, никаде во светот не се пука на доктор кој се обидел да спаси човек во многу тешка состојба.

Ако се чувствуваме постојано под притисок, тоа значи дека во здравството се случуваат пресериозни, преопасни работи. Ве молам, навистина, да бидете информирани дека тоа што се случува не е здраво. Не е нормално никаде да се пука во доктор затоа што пациентот му егзитирал. На нашиот колега денеска му беше загрозен животот на работно место после извршена интервенција. Ова е епилог на нешто што тлее во здравството. На сите ни се случуваат непријатности затоа што некој треба да крив затоа што некој го изгубил животот поради тежината на болеста, рече Викторија Чаловска.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада