Шојбле: Германија нема капацитет за прием на повеќе бегалци

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле смета дека неговата земја се приближува на точката од која нема да може да обезбедува сместување за континиураниот бран бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин.

– Треба да испратиме јасна порака до светот дека сме подготвени да помогнеме и покажуваме дека сме, но нашите можности се ограничен“, изјави Шојбле на интервју за германската телевизија АРД.

Еден од најпочитуваните германски политичари се согласува со забрана за реунификација на бегалците кои што ќе добијат азил со нивните семејства кои што останале во матичните земји.

Реунификацијата на азилантите е една од точките за кои има дебата во германската политика и генерална јавност. Пред десетина дена првиот човек на „Баварската заедница на општини“ објави анализа според која дококу секој азилант во наредниве неколку години може да ги донесе и членовите на своето семејство тоа ќе значи нови 13-14 милиони луѓе во Германија или заедно со 5,8 милиони кои што се веќе во земјата вкупно околу 20 милиони жители со муслиманска вероисповест.

Зголемениот број на напади против бегалците, враќањето на антиисламската организација ПЕГИДА на политичката сцена и растот на рејтингот на крајно десничарските организации вршат силен притисок и врз германските мејнстрим политички партии да водат повнимателна политика во однос на политиката на отворени врати за бегалците и да се залагаат за построги правила при имиграција . До крајот на годинава Германија ќе прими околу 1 милион бегалци на своја територија.

Вчера и првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск побара Германија да биде внимателна со бегалците и да помогне да се обезбедат надворешните граници на ЕУ. Туск разбира дека поради историски причини Германија има проблем да воспостави сгтрог режим на своите граници но според него земјата има одворност да ги контролира надворешните граници на ЕУ согласно со правилата за „Пан-европско единство“.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски