ВИДЕО: Лекарите нема да работат се додека министерот Тодоров не поднесе оставка

Од:

Лекарите од клинички центар бараат оставка од министерот за здравство Никола Тодоров и итни измени на законите што ја регулираат оваа сфера. Доколку тоа не се случи тие најавуваат дека нема да вршат никакви операции на клиничкиот центар во хируршките клиники.

– Морална одговорност од министерот за здравство, законот за здравствена заштита да се врати исто како тој пред 2011 година, од кога со измените лекарите се доведени во ваква состојба и Лекарската комора да предложи закон за лекари кој Владата ќе го прифати без забелешки , се барањата на лекарите по денешната средба.

Ваквиот став лекарите го соопштуваат по пукањето во хирургот Љубомир Оненовиќ од страна на незадоволен пациент чија мајка била доведена во тешка состојба на клиниката, а подоцна починала.

Во хирургот било пукано со пиштол во ногата, тој е опериран и е надвор од животна опасност. Клиниките во моментов се затворени, а се примаат само итни случаи.

Во здравството владее хаос подолго време, иако министерот и владата убедуваат дека е меѓу првите во светот по понудените услуги.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада