ЛДП: Наместо во микроакумулациии, власта парите ги „натопи“ во барокни фонтани

Од:

„Македонското земјоделство под режимот на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со најголемите предизвици досега, но пред се’, со лоша поставеност на субвенциите за земјоделското производство“, ова беше еден од заклучоците на трибината на Либерално-демократската партија , што се одржа пред жителите на пелагониската општина Могила.

Eдуцираноста кај нашите фармери е на многу ниско ниво во врска со новите, модерни начини на работа во фармерското производство, а моментално субвенционирањето на земјоделското производство е така скроено што субвенциите станаа социјална категорија, и и’ служат на власта да ги злоупотребува земјоделците како гласачка машинерија.

Иако Македонија се смета за аграрна држава, отсуствува закон за стратешки култури, а не постои ни законска регулатива за производство и откуп (освен за тутунот) за другите земјоделски култури кои се од стратешко значење.

Државата спроведува погрешна политика и околу промоцијата и поддршката на земјоделците за производство на органска храна. Не постои ни стратегија за зголемување на бројот на микроакумулации и хидросистемски мрежи.

ЛДП, презентирајќи ги решенијата за клучните проблеми во земјоделието пред жителите на Општина Могила, предочува дека доколку вистински се сака развој на земјоделството, потребно е субвенционирањето да биде правопропорционално, односно колку поголема продукција толку поголема субвенција, како и субвенционирање со репроматеријали.

Што се однесува до наводнувањето, како клучен фактор за зголемување на производството, сметаме дека на територијата на нашата држава треба да се изградат голем број на микроакумулации, кои би се искористиле за поставување на хидросистемски мрежи.

Ова дотолку повеќе што Македонија се справува со 4 децении стара хидросистемска мрежа, а лакомоста и лудилото на оваа власт парите на граѓаните наместо во потребни инвестиции, ги „натопи“ во барокни фонтани.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство