Женската одбојкарска екипа “Работнички“ во првиот натпревар од новото првенство во одбојка за жени ја декласираше екипата на “Македонија – МАКС“ од Струмица.
Одбојкарките на “Работнички“ беа надмоќни на теренот и натпреварот го добија со 3:0. Екипата на “Работнички“ е шампион во одбојка за сениорки, а минатата година го освоија и Купот на Македонија.
Општина Центар и натаму ќе го поддржува ЖОК “Работнички“ – нашиот шампион во одбојка.