Земјите кандидати за членство во ЕУ ќе добијат петстепена оценка за напредокот

Од:

Пакетот годишни извештаи на Европската комисија за евентуалните идни членки на Унијата годинава ќе биде подготвен под нова форма и ќе претставува појасна слика за напредокот на земјите во процесот на европска интеграција, а една од новините во извештаите ќе биде оценувањето на земјите според петстепен систем, пренесе Танјуг.

Извештаите за Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција и Косово, кои неколку пати беа пролонгирани, се очекува неделава да бидат претставени во Брисел, на прес конференциија на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Во текот на последните месеци Европската комисија спроведе серија консултации зад строго затворени врати со избрани меѓународни експерти за Западен Балкан и Турција, кои препорачаа извештаите да се извадат од сувопарната бирократска форма, која досега ги правеше нечитливи. Експертите предложија извештаите да се збогатат со графикони, во нив да се воведе сврзувачки елемент преку таблици, од кои ќе се види кој колку напредувал во споредба со другите кандидати.

Освен тоа, предложено е на земјите да им се даваат оценки од еден до пет, според истиот систем што пред неколку годни се применуваше при извештаите за визна либерализација. Највисоката оценка ќе значи дека земјата целосно ги усвоила европските стандарди, а најниската ќе значи стагнација или заостанување.

Според експертите, оваа нова форма на извештаите претставува голем чекор напред затоа што со неа се намалува можноста за грешни интерпретации и политизирање на извештаите.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии