Несреќата се случи вечерва околу 18:30 часот. Според кажувањето на жителите од засега непознати причини сега починатиот Неџо Мемешоски, кој живеел во ромската населба на влезот во Струга, враќајки наназад со сопствениот автомобил завршил во реката, објави Канал 5.
Дали се работи за невнимание или здравствени проблеми треба покаже истрагата. Недалеку од несреќата е и седиштето на противпожарната служба, пожарникарите и полицијата веднаш стигнале на помош, но за жал Мемешоски веќе бил удавен.
Возилото е извадено, а истрагата на полицијата треба да покаже како се случила несреќата.
Портпаролот на СВР Охрид го потврди настанот. Полицијата врши увид на лице место и ги испитува околностите под кои се случи немилиот настан.