СДСМ: Градиме едно општество за сите без поделби и дискриминација!

Од:

„Градиме едно општество без поделби и дискриминација по каква било основа!

Актуелната власт етничките разлики безобразно ги користи за да ја маскира нефер распределбата на доходот. Целта им е тема да биде национализмот, а не животиот стандард на граѓаните којшто вртоглаво паѓа.

Затоа власта погрева етнички тензии и стимулира вештачки раздор по секакви основи.

Мнозинството граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци или други, да се занимава со поделби, додека се богати малата група на власт.

Само кај власта не игра улога националноста, туку интересите.

Петтиот столб од Визијата за Македонија става крај на градењето различни колосеци во нашето општество.

СДСМ има визија како да изгради едно општество за сите!

Утре, 08.11.2015 година, во Скопје, во објектот на Скопски саем, во 11.55 ќе се одржи централна дебата на тема Градиме едно опшество за сите. Визијата на СДСМ ќе ја споделат со вас граѓаните членот на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми, носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија Стево Пендаровски, членот на Извршниот одбор Петар Атанасов, членот на Извршниот одбор Аднан Џаферовски, претседателот на Комисијата за култура Роберт Алаѓозовски, претседателот на Комисијата за локална самоуправа Дејан Павлески.

Потоа отвораме дебата. Заедно можеме да ја направиме Република Македонија едно општество за сите“, се вели во најавата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда