Грчкиот министер за одбрана повтори дека „Македонија е грчка“

Од:

Никој нека не помисли дека ќе биде дадено името на Македонија. Македонија е грчка, Македонија е една, Македонија е натопена со крв и никој нема право да преговара за нејзиното име, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

Грчкиот министер ова го изјави во селото Горничево, во областа на Лерин, каде присуствуваше на одбележувањето на 103. годишнината од неговото ослободување.

Грчките медиуми деновиве го коментираа именувањето на објектот во кој се наоѓа Археолошкиот музеј во „Палата Александар Македонски“, опишувајќи го како провокација од македонска страна „само два дена после првата рунда разговори за градење мерки на доверба меѓу Грција и Македонија, која поминала во многу позитивна клима“.

Портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас пред три дена изјави дека Грција има направено отстапки во преговорите за името и повика „да надвладее разумот во соседната и пријателска земја“.

Во исто време, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, не пропушта да повтори дека „Македонија е грчка“, а неговите изјави се пренесуваат во сите локални медиуми, без никаков коментар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит