Лидерката на тајванската главна опозициска партија, Цаи Инг-вен, денеска изјави дека е разочарана што претседателот Ма Јинг-јео во разговорите со кинескиот претседател Кси Џинпинг не ги споменал зачувувањето на демократијата и слободите на островот.
Цаи се наоѓа на чело на Демокртската прогресивна партија и се смета за фаворит на претстојните претседателски избори, закажани за јануари.
Таа на новинарите во Јунлин им кажа дека заедно со тајванскиот народ ќе работи на поправање на било каква штета што ја предизвика денешниот состанок на двајцата претседатели.
Лидерите на Кина и Тајван денеска се сретнаа првпат по 60 години, односно по граѓанската војна од 1949 година.
Разговорите се организираа во текот на растечкото антикинеско расположение и самостојното демократско владеење на островот и една недела пред изборите.