Прв фестивал за здравје и уметност на живеењето во Македонија

Од:

На 3-ти и 4-ти ноември во Македонската опера и балет за прв пат се случува фестивал за здравје и уметност на живеењето – Body, Mind and Spirit.

Фестивалот е прв од ваков тип организиран кога било во Македонија, а во својата програма изобилува со голем број на работилници, предавања и семинари од еминентни предавачи, професори, доктори и специјалисти од земјата и регионот, како и гости од Германија и Индија кои ќе опфатат теми од областа на здравјето на телото и духот.

Имено, на Skopje Body, Mind and Spirit бидат застапени различни рекреативни спортови, јога, медитација, хомеопатија, гешталт терапија, стрес и стрес менаџмент, биоенергија, акупунктура, астрологија, библиотерапија, нутриционизам и здрава исхрана, но и предавања за превенција, рана дијагностика и третман на различните болести на денешницата.

Истовремено, во рамките на фестивалот ќе бидат поставени и голем број на различни интерактивни работилници кои на посетителите ќе им овозможат на едно место да се едуцираат за сите теми поврзани со здравиот и квалитетен живот, во сите негови сегменти – тело, дух и начин на размислување.

Предавањата за првиот ден (03.11 – сабота) се закажани во салата „Империал“ во Македонската опера и балет од 12 до 20.30 часот, додека за вториот (04.11 – недела) на Малата сцена од 9 до 18.30 часот. Работилниците ќе се одржуваат паралелно, во Фоајето на МОБ.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска