Објавена листата на Лагард

Од:

Листата на богати Грци кои имаат пари во швајцарските банки конечно е објавена во атинското списание „Hot dok”.

Озлогласениот список, кој Кристин Лагард, уште во 2010-та година, како француска министерка за финансии му го предала на грчкиот колега, веќе подолго време претставува извор на шпекулации.

Сега кога конечно се знаат имињата на 2059 банкари, сопственици на бродови, политичари, актери, новинари, доктори, богати наследници, но и непознати личности, се очекува следната фаза – објавување на висината на депозитите.

Сега би требало да започне долгонајавуваната истрага за тоа кој и на каков начин успеал да ги изнесе парите од земјата.

Првите реакции ја доведуваат во прашање веродостојноста на листата, затоа што веќе се огласиле неколку луѓе кои демантираат дека било кога имале сметки во швајцарските банки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција