Заедничка акција на МВР и шумската полиција против дрвокрадци

Од:

Прилепската шумска полиција во последната акција вчера против дрвокрадците заплени 10 кубни метри просторно огревно дабово дрво, еден автомобил ауди и поднесе три прекршочни пријави. За време на акцијата нападнато е полициско возило во прилепската населба Тризла, информираат од Шумската полиција во Прилеп.

Според командирот на шунската полиција Илија Спиркоски, заедничката акција на МВР и на шумската полиција почнала на Плетвар и во реонот на месноста Тројаци.

– Заедничката акција во текот на вчерашниот ден беше против поголема група дрвокрадци во шумско-стопанските единици Никодин, Беловодица и во Дрен. Одземени се 10 метри просторни дабово огревно дрво, се поднесени три прекршочни пријави и одземен е автомобил. Потоа во акција на МВР, нивното возило е нападнато во населбата Тризла, вели Спиркоски.

Спиркоски објаснува дека дрвокрадците се организирани и стануваат по агресивни, иако овој период се зголемени акциите. Пред еден месец, потсети, е нападната шумската полиција и едно лице е потешко повредено.

– Организирано е дрвокрадството од поединци, добро организирани во поголеми групи. Секоја екипа која ќе излезе на терен излегува пред лица-дрвокрадци од 10 до 15 души. На 3. октомври е нападната шунската полиција, еден е потешко, а двајца шумски полицајци се полесно повредени. Лицата се откриени и седуммина се приведени.Во овој период повеќе е ангажирана полицијата и е понамалено дрвокрадството. Но, се  појавени поголеми инциденти, напади на овластените службени лица, вели Спиркоски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари