ЛДП: Катица Јанева ќе мора да го разобличи и изборниот криминал во Битола

Од:

Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева, ќе мора да го разобличи и изборниот криминал во Битола за кражбата на гласовите на последните парламентарни избори, за што постојат аудиоснимки  во „бомбите“ на опозицијата. Ова од Битола го порача претседателот на ЛДП, Горан Милевски, на синоќешната втора трибина од серијалот „Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“.

Милевски рече дека погубните политики на власта го омасовија иселувањето на битолчани и го преполовија бројот на жители во градот. Но, парадоксот на власта е јасно отсликан  во изборните кражби.

„Иселувањето ја донесе Битола до фрапантната бројка од 55 000 жители, а на последните избори гласале дури 53.000 гласачи, па отаму  прашувам дали на изборите организирани од ВМРО-ДПМНЕ „гласале“ и иселените и мртвите.  Како е можно да има гласачи колку што има жители во Битола? Сите жители во градот се гласачи, дури и децата? Тоа значи дека се работи за механички изборен инженеринг во гласањето“, рече Милевски и најави дека од специјалниот обвинител ќе бара истрага за случајот во селото Кравари, каде од аудиоснимките се слушна дека дваесеттина жители гласале во ист ден на две изборачки места и во селото и во населбата Јени Маале.

Tribina - Makedonija posle Gruevizmot-liberalni resenija - Bitola (14)

Либералдемократите понудија низа решенија за стопирање на трендот на иселување од државата и враќање на иселениците назат. ЛДП предлага секоја година од буџетот да се издвојуваат 30 милиони евра за малите и средни бизниси, формирање на фонд за ликвидност на малите и средни претпријатија, како и укинување на фирмарината и годишните давачки по 60 евра за фискалните каси.

„Станува збор за 40 000 илјади активни претпријатија во Р. Македонија коишто влегуваат во оваа категорија. Овој државен фонд ќе биде со почетна  висина од 10 милиони евра , чија основна задача ќе биде ефикасно преземање на долгувањата кон микро и малите бизниси. Преземањето на долговите од страна на овој фонд нема да биде  подолго од 120 дена“, рече Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика на трибината во Битола.

Би можело да ве интересира

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија