„Иран има слики од израелските бази“

Од:

Иран има слики од израелските бази и другите локации кои имаат ограничен пристап, снимени со беспилотното летало кое беше испратено овој месец во израелскиот воздушен простор.

Израел на почетокот на месецот собори летало кое навлезе 55 километри во нивниот воздушен простор.

Одговорноста за испраќањето на леталото ја презема либанската екстремистичка огранизација Хезболах, наведувајќи дека делови се произведени во Иран, а дека е составено во Либан.

Пред да биде соборено леталото ги снимило израелските бази, тврди претседателот на иранскиот парламентарен одбор за одбрана Исмаил Ковсари.

„Овие летала пренесуваат слики преку интернет и сега имаме фотографии од локациите со ограничен пристап“, изјави пратеник на иранскиот парламент.

Израел се закани дека ќе ги бомбардира иранските нуклеарни постројки, ако дипломатијата и санкциите не ја спречат нуклеарната програма на Техеран.

Западот се сомнева дека целта на таа програма е производство на нуклеарно оружје, што Техеран упорно негира, наведува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан