Украден сеф од Инфективната клиника

Од:

Непознат сторител вчера попладне меѓу 15.00 до 19.30 часот извршил кражба на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

МВР соопшти дека крадецот најверојатно со возило влегол во кругот на Клиничкиот центар и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде што со употреба на погоден алат ги пресекол металните прачки од заштитната метална решетка на прозорецот од благајната, влегол внатре и го украл сефот, по што заминал во непознат правец. Според првичните сознанија на полицијата, во сефот имало 16.000 денари, банкноти и кованици во разни апоени од поранешна СФРЈ, три картички од по 5.000 денари за точење гориво во „Макпетрол“, фискална каса, магнетна картичка за влез во Клиниката и беџ за идентификација на име на Р. Д. и други предмети.

Вкупната шета што ја предизвилак крадецот се проценува на околу 86.000 денари. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он