ФОТО: Модерно зелено катче среде бетонско сивило во Дебар Маало

Од:

„Среде бетонските згради кај „Кино Карпош“ се формира урбано и модерно зелено катче, паркот „Кино Карпош“.

Пристапот кон озеленувањето е чист и геометриски диктиран од урбаната средина и соседната зграда. Се садат 15 дрвја од листопадни, цветни јапонски цреши, од типот “Prinus serrulata Kanzan” со обем c14/16. Овие дрвја цветаат на пролет, кога даваат прекрасна слика, затоа што се наместени на една површина и геометриски распоредени во просторот.

Садење дрва - Кино Карпош (4)

Под нив се садат зимзелени и колоритни грмушки, за да не изгледа пејсажот “тажен“ во зима, кога дрвјата немаат лисја.

Садење дрва - Кино Карпош (2)

Денеска се садат и 80 “Aukuba Japonica” – жолто-зелена грмушка и 70 “Nandina Domestica Nana” – која менува боја од зелена од пролет и лето, до шарена во есен и црвена на зима. Пред потпорниот ѕид се садат 41 Кониферна грмушка – “Taxus Baccata” во ред, а ритамот се разбива со седум повисоки зеимзелени растенија “Photinia Fraseri Red Robin“, во форма на топка, кои пуштаат црвени, нови листови на пролет. Средишниот дел на патеката се сади со 44 жолти кониферни покривачи, од типот “Juniperus Media Old Gold”. Веќе е поставен автоматски систем за наводнување на оваа површина.

Садење дрва - Кино Карпош (3)

Ова е прв парк во Дебар Маало и зеленило, толку потребно во овој дел на Центар“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар