Канческа-Милевска на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Франција и ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во француската метропола.

Одржувањето на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО годинава е во знакот на одбележувањето на големиот јубилеј – 70 години од востановувањето на оваа еминентна организација на Обединетите нации.

Во рамките на посетата на Франција, Канческа-Милевска денеска ќе го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство, што од 5 до 8 ноември се одржува во престижниот изложбен простор Карусел во рамки на славниот музеј Лувр во Париз. Република Македонија првпат учествува на овој саем кој ги обединува професионалците од областа на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство од цел свет. На штандот посветен на нашата држава, преку публикации, видеа и други видови промотивни материјали, ќе биде презентирано богатото културно наследство.

Министерката за култура Канческа-Милевска, која е претседател на Националната комисија за УНЕСКО, во текот на утрешниот ден е предвидено да оствари и официјална средба со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. На средбата предвидено е да разговараат за досегашната соработка и за идните активности меѓу Република Македонија и УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Kонцерт на Џез триото АУМ