Канадскиот премиер Џастин Трудо формираше нова влада во која од вкупно 30 министри, 15 се жени.
Трудо синоќа положи заклетва за вернот спрема државата и британската кралица. Клучните позиции во владата ги зазедоа истакната либерали и соработници на Трудо.
Премиерот Трудо (43) вети дека Владата ќе биде отворена и транспарентна по речиси 10-годишниот мандат на Стивен Харпер во чија влада власта беше концентрирана околу неговиот кабинет.
Таткото на Џастин, Пјер Трудо беше истакнат премиер во периодот 1968-1984 година.