Ахмети: Итно спроведување на договорот од Пржино

Од:

ДУИ деновиве ги претставила своите ставови пред лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ околу итноста за заклучување на договорот од 2 јуни барајќи од нив да се размислува за државата и граѓаните, а не за партиите.

Ова го истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на денешната средба со Џани Питела, претседател на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалистите и демократите, како и поранешниот известувач на Парламентот за Македонија, европратеникот Ричард Ховит.

– ДУИ го ревидира својот пристап, и покрај фактот дека ние сме конструктивен дел и придонесувач за постигнувањето решение и сметаме дека Договорот нема алтернатива. ДУИ постојано помага во решавањето на отворените прашања и е партнер на меѓународната заедница, но одговорноста треба да ја поделат и македонските партии. Спроведувањето на договорот овозможува враќање на евроатланската агенда, која е апсолутен приоритет на граѓаните особено на Албанците, рекол Ахмети на средбата.

Европратениците, како што се наведува во соопштението на ДУИ, ја оценија улогата и посветеноста на Ахмети во постигнувањето на договорот и за конструктивните ставови на ДУИ и побараа строго спроведување на договорот за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Катерина Ѓуровски

Детектор за лаги треба под итно да се инсталира во штабот на ДУИ во Мала Речица, велат од Влен

Горан Наумовски

ДУИ за 20 години остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините, велат од Влен

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Горан Наумовски