Убиени дваjца турски војници и 15 курдски бунтовници во борби во близина на границата со Ирак

Од:

Во борбите во близина на границата со Ирак се убиени двајца турски војници и 15 курдски бунтовници, пренесоа денеска француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на турската армија.

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) се убиени во копнената операција на турската армија преземена по вчерашните воздушни напади врз цели на ПКК во реонот на Даглаџа, во округот Хакјари, во  југоисточна Турција.

Во соопштението на турската армија, цитирано од француските медиуми, се прецизира дека во вчерашните воздушни напади биле уништени 16 цели на ПКК во реонот на Даглаџа и во планините во северен Ирак.

Турски авиони ловци слични напади извеле и во понеделникот, еден ден по победата на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган на парламентарните избори, потестуваат француските медиуми. Победата и овозможува на АКП да си го поврати парламентарно мнозинство, што го загуби на изборите од 7 јуни.

Претседателот Ердоган денеска вети дека нема да има пауза во борбата против ПКК и операциите против терористичката организација ќе продолжат решително и внатре и надвор од Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“