Израелските воздухопловни сили го нападнаа местото во појасот Газа, од каде Палестинците испалуваат ракети кон југот на Израел.
Израелската војска соопшти дека тоа е одговор на константниот ракетен и минофрлачки оган од палестинска територија.
Армијата наведе дека утринава од Газа се испалени 11 ракети и мини кон југот на Израел.
Насилието го наруши напнатото примирија кое стапи на сила во средата по најголемите ескалации на немирите во последните неколку месеци, кога загинаа пет Палестинци, а на израелска страна две лица се здобија со тешки повреди.