МЕПСО го изгради новиот 400 киловолтен далекувод, лоциран на границата на Македонија и Србија во атарот на селото Татариновац.
Електромонтери на изведувачот „Енергомонтажа“ денеска ги финишираа активностите за поврзување на последниот столб од македонска страна, со првиот столб кој се наоѓа на подрачјето на Србија. Увид во работите на терен, изврши генералниот директор на МЕПСО, Синиша Спасов.
Тековниот проект чини над 11 милиони евра.далекуводот се протега во должина од 70 километри од Штип до македонско-српската граница.
– На лице место сме на градбата на далекуводот, кој преставува интерконективно поврзување на електропреносните системи на Македонија и Србија, значи помеѓу МЕПСО и „Електромрежа„ Србија, изјави директорот Спасов.
Во однос на техничките карактеристики на далекуводот, генералниот директор на МЕПСО, потенцираше дека на македонска страна должината на водот е 70 километри, самите проводиници поставени се на 168 самоносечки столбови.