Во рамки на својата „Стратегија 2025.“ шпанскиот производител на автомобили „Сеат“,што работи во рамки на групацијата „Фолксваген“, најави дека во следните две години ќе претстави четири нови модели.
Во 2016 година прво во продажните салони ќе пристигне компактниот СУВ, темелен на концептот „20В20“ што беше изложен на авто-салонот во Женева во март годинава.
Според неофицијалните информации, „Сеат“ подготвува и помал кросовер што на пазарот ќе им се спротивстави на моделите како што се „Цитроен Ц4 Кактус“ или „Нисан Џоук“.
Повеќе детали за новите модели не се соопштуваат, но шпанскиот производител најави иницијатива за максимално намалување на трошоците за компанијата во следниот период да има оддржлив развој.
Се очекува мерките што ќе се применат на „Сеат“ да му овозможат заштеди од околу 100 милиони евра годишно.