А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Драмата во ОУ „11 Октомври“ продолжува, родителите ќе се жалат кај амбасадите

by А1он03/11/2015 - 14:4503/11/2015 - 14:46135
Share0

Разрешената директорка на Основното училиште „11 Октомври“ раководи од канцеларијата на секретарот, а новоназначениот В.Д. директор од својата канцеларија ги поништува нејзините решенија бидејќи се од нелегитимен директор, дознава А1он. Поради тоа, родителите велат дека не преостанува ништо друго освен да се жалат за оваа ситуација кај странските амбасади.

Добивај вести на вибер

Одговарајќи на новинарски прашања, Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми посочи дека на градоначалникот Жерновски му поминал периодот за избирање на нов директор на училиштето, па по барање на одборот, тој како министер ја одбрал Даниела Костадинова за директор и таа била единствен легитимен директор на училиштето.

– Училишниот одбор имаше донесено одлука за избор на директор бидејќи рокот во кој е предвиден дека градоначалникот може да врши избор на еден од кандидатите не беше испочитуван, училишниот одбор се обрати до министерстовото и јас како надлежен именував директор. Сега засега тој е легитимен директор на училиштето, рече Адеми.

Според Општина Центар, тоа што градоначачникот одбил да потпише е резултат на неговото одбивање да учествува во криминални дејствија.

– Кога било гласањето, училишниот одбор ги избрал двајцата кандидати на незаконски начин. Од девет члена на училишниот одбор, двајцата кандидати добиле десет гласови, а тоа ја покажува незаконитоста во оваа постапка. Поради тоа, бидејќи не сака да учествува во криминални дејства, Градоначалникот на Општина Центар не одбра ниту еден кандидат бидејќи не може од девет члена да се добијат 10 гласови, велат од општината.

Од таму објаснуваат дека после тоа, министерот ја назначил Даниела Костадинова за директор на училиштето. Поради нелегитимниот и незаконски избор, од Општината велат дека за нив Костадинова нелегално се претставувала како директор на основното училиште.

– Кога дојде до труењето на учениците, градоначалникот побара под итно да се состане училишниот одбор и во нивниот допис беа наведени и други неправилности во работењето на Костадинова, не само негрижата за учениците туку и бројни пропусти во нејзиното работење. На предлог на советот на Општина Центар, тој ја разреши од функцијата директор и назначи В.Д. директор на училиштето, нагласуваат од општината.

Според нив, она што е многу чудно е дека во еден ден таа поднела жалба до второстепената комисија, во истиот тој ден второстепената комисија и издала решение, и Централниот регистар ја запишал неа како директор.

– Знаеме како работат институциите во државата, како може во еден ден да го направи сето тоа, завршуваат од општината.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми рече дека ја тргал политиката надвор од образовните институции, а пред се од училиштата, па така кога ја избирал за директорка Даниела Костадинова, во тоа немало ниту малку политика.

– Не треба да дозволуваме учениците да настрадаат од политички причини. Барем јас не сум вмешан и не сум тргнал од политички причини кога сум именувал директор во тоа училиште, туку сум ги почитувал одредбите од законот за основно образование, рече Адеми.

Министерот за медиумите изјави дека има постапка за разрешување на директор, каде мора да има иницијатива и предлог од училишниот одбор, и предлог до градоначалникот, како и дека он не бил запознаен дали биле почитувани сите постапки за разрешување на Костадинова.

Во меѓувреме, голем дел од родителите одбиваат да ги носат учениците во училиштето бидејќи се збунети од двојното директорување во училиштето. Во петокот, В.Д. директорот на училиштето, Васко Лазаревски, кој по разрешувањето на Костадинова е единствен легитимен директор наиде на заклучени врати во канцеларијата на секретарот каде полициски службеници ја чуваа екс директорката.

Александар Тодески

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен